Македонија
26. January 2023 - 16:35

Власта смета дека реакциите се непропорционални, за Џамбаски траат безбедносните проценки

Дали Владата ќе ги заштити националните интереси на 4 февраури кога се чествува Гоце Делчев и ќе ги прогласи Џамбаски и Костадинов за персона нон грата во Македонија? 

Македонско-бугарските односи главно прашање на пратеникот Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања.

Милошоски праша и за активностите на македонското МНР по одлуките на Бугарија да го повлече амабсадорот на неодредено време откако Османи лично отишол да го посети натепаниот Пендиков и да гарантира негова заштита. 

Ковачевски на прашање на пратеник од власта, повтори дека за уставните измени за кои власта нема потребно мнозинство одговоност сносат и опозициските пратеници кои исто треба да допринесат за европската агенда.