Македонија
17. August 2020 - 12:20

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и од Народната банка за пропаѓањето на Еуростандард банка

Покрај обвинувањата кон министерката за финансии, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и од Народната банка во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка. Ова се однесува, како што велат од партијата, на нетранспарентноста и неоставањето можност на банката да најде инвеститор и да се извлече од тешката финансиска положба. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, пропаѓањето на Еуростандард банка е нов скандал на власта на СДСМ во банкарството, односно втор ТАТ.

 

Мирјана Јовеска