ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува ставовите на премиерот Зоран Заев за македонскиот идентитет и јазик по што побараа оставка од него.
„Заев е срам за државата, после вакви антидржавни ставови оставката е неминовен чекор.
Нема Македонец кој не се срами од додворувањето на Заев кон бугарската влада на штета на македонските интереси.
Зоран Заев го продава македонскиот идентитет, јазик и историја.
Зоран Заев се откажа од Гоце Делчев црвената линија на македонскиот идентитет.
Од среде Скопје Заев кажа дека бугарите биле ослободители во втората светска војна, и со тоа ги израмни македонските партизани со бандити.
Зоран Заев се откажа и ја погази жртвата на Орце Николов, Раде Јовчевски Корчагин, Стив Наумов, Вера Јоциќ, Борка Талески, Методија Андонов Ченто, и плејада други знајни и незнајни јунаци кои животот го положија за слободна Македонија.
Македонското малцинство во Бугарија е предадено и продадено од Заев.
Заев ги урнисува темелите на македонската држава и нејзината најголема победа АСНОМ.
Зоран Заев не треба да чека народот да го смени, бидејќи тоа ќе се случи, туку сам уште веднаш да си даде оставка“, стои во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар