-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска да си поднесе оставка
-->
Павлина Црвенковска треба да си поднесе оставка, таа нема кредибилитет да оценува судии. Нејзиниот интегритет е нарушен.
Сопругот на Црвенковска земал кредит во висина од 1.7 милиони евра, со покритие од само 400.000 евра, објавија оштетените штедачи од Еуростандард банка. Тој исто како и Заеви и нивните партнери не го вратил кредитот.
Црвенковска покрај тоа што е поврзана со Еуростандард исто како Заеви, таа била и функционер на СДСМ долги години.
Црвенковска нема ниту еден ден судиски стаж, а треба да оценува судии. Каде плови овој брод?!
Црвенковска да си поднесе оставка. Никој нема да верува во нејзината непристрасност, и ќе ја девалвира институцијата во целост.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка