Македонија
22. September 2019 - 16:46

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се крие, Дончев манипулира

Цела недела откако експлодираше аферата Рекет2, Венко Филипче никаде го нема.

Министерот Филипче има кривична против него, по кој знае кој пат има афера за криминогени дејства, овој пат се споменува во Рекетирање, ама тој не чувствува потреба да излезе во јавноста.

Колкава ли сигурност за недопирливост му е всадена, што ли е пораката од Главата на Октоподот за ваква леснотија на министерувањето на Филипче?

Така ли е Филипче? „Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“?

Истрагата за Рекет2 не смее да биде забошотена. Ден Дончев и Венко Филипче мора да си поднесат оставки затоа што од позиција на моќ може да влијаат врз работата на истражните органи, може да влијаат врз докази и сведоци.

Истрагата за Рекет2 не смее да тапка во место. Мора брзо да ги даде одговорите:

1. Дали зад намерата на Ден Дончев и на Венко Филипче да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во струмичко?

2. Дали Дончев комуницирал или на некој начин бил во контакт со Зоран Милески Кичеец?

3. Дали преку него е вршен притисок приватна успешна компанија да биде продадена на лице по волја и избор на Дончев? Дали и за тоа мотивот се месечни транши кај благајник со брада во струмичко?

4. Зошто ако имало криминал ФЗОМ продолжил со соработката со компанија за која се сомнева дека има криминал?

5. Кој е благајникот со брада во струмичко?

6. Дали е злоупотребена и вмешана Управата за финансиско разузнавање?

7. Дали зад истрагата за наводен криминал и смрзнувањето на капиталот на приватен бизнисмен не стои рекетирање и зошто нема никакви резултати од таа истрага и по година дена?

8. Дали Зоран Заев бил запознаен со притисокот врз приватниот бизнисмен и доколку е запознаен, дали го аминувал односно зошто не го пријавил Рекет2 кај Рускоска?

9. Дали македонското МНР и Никола Димитров биле запознаени за Рекет2 од странски дипломат и во тој случај зошто тоа го пријавил кај Рускоска?