Македонија
31. December 2020 - 13:10

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба веднаш да си даде оставка, затоа што ги злоупотреби лекарите за политичко видео

Во секоја нормална држава злоупотребата на лекари во политички цели ќе резултира со оставка на министерот веднаш.

Наместо да ги остави лекарите да си ја работат работата и да спасат човечки живот тие ги малтретираат да бидат статисти во видеа.

Уште колку понижувања треба да трпат лекарите? Уште колку ниско може оваа власт на чело со Заев и Филипче да падне, за само да се одржат неколку лица на своите функции?

Вчера на социјалните мрежи беше поставено видео во кое жени облечени во рекламни маички на СДСМ влегуваат во медицинска установа, каде лекари и друг медицински персонал подреден во строј ги чека и се принудени да бидат дел од кореографијата за потребите на политичкото видео.

Нема поголем доказ за партизацијата на институциитр и целиот систем од принудувањето на лекарите да бидат спотери во видео за потребите на СДСМ.

Филипче треба веднаш да си даде оставка, затоа што ги злоупотреби лекарите за политичко видео за Зоран Заев.

Во време на пандемија, кога цел свет стравува и се губат животи секоја минута, а само во Македонија до сега починаа 2500 луѓе, а заразени се вкупно околу 83.000, Филипче го злоупотребува медицинскиот кадар.

Филипче нема што да чека. Ја понижи медицинската фела. Поголем срам од ова не е можен.

Најмалку што може да направи е да си замине.