Македонија
16. August 2017 - 17:08

ВМРО-ДПМНЕ ги објави првите имиња на кандидати за градоначалници за престојните локални избори

ВМРО-ДПМНЕ ги објави првите пет кандидати за локалните избори. Од партијата велат дека изборот на ИЗвршниот комитет се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одгвороност и посветеност, како и поддршката на граѓаните од своите општини.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги предложи на Централниот комитет следните кандидати за градоначалници: За Струмица Марјан Бајрактаров, орален хирург, почитува граанин на струмичани, долгогодишен партиски активист, член на општинскиот комитет и на ЦК, за Петровец Борче Митревски – актуелен градоначалник, Славчо Чадиев за Велес актуелен градоначник, за Кривогаштани Тони Затковски актуелен градоначалник и за Куманово Зоран Ѓорѓиевски хирург, актуелен пратеник во Собранието и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.

Убедени во квалитетот на своиоте кадри од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тргнуваат кон нова победа. Потенцираат дека програмата за локалните избори ќе се базира на реалните потреби на граѓаните и ќе има за цел да го подобри нивното секојдневие, инфраструктура и животниот стандард.

На овие локални избори граѓаните ќе одлучуваат не само за локални теми туку тие се веројатно последна шанса за да биде запрена оваа екскурзија наречена СДСМ и да ги казнат овие катастрофални месеци на Македонија за економско уназадување, национални порази и понижувања, погубни политики по однос на клучните и стратешките прашања за државата.

На 40-тина дена пред почетокот на изборната кампања, засега ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која објави дел од своите кандидати. Локалните избори се закажани за 15 октомври.