Македонија
13. August 2020 - 19:33

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со шефот на државата Стево Пендаровски

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ги замрзна односите со кабинетот на претседателот на државата. Револтот на Мицкоски следи по  средбата во Вила Водно, каде Пендаровски му го врачи мандатот на првиот човек на СДСМ Зоран Заев за состав на новата влада. За Мицкоски ваквиот потег на Пендаровски е против уставен, бидејќи Заев не успеал да го обезбеди потребното мнозинство од 61 пратеник.

Првиот човек на државата вели дека доколку Заев  не успее да формира влада, мандатот ќе му го дадел на Мицкоски, без потпис заверен на нотар од пратеници. Тој е дециден дека неговиот денешен потег е согласно уставот. Не било во негова надлежност од лидерите на партиите да бара гаранција  за потребното мнозинство, бидејќи тоа било работа на Собранието.

Пендаровски ја коментираше можноста и за нови парламетарни избори посочувајчќи дека уставно до нив може да се стигне само со самораспуштање на собранието, порачкувајќи му на Мицкоски ако има 61 пратеник да покрене ваква иницијатива.

Инаку на денешната средба кај Пендаровски, Мицкоски додје со целата пратеничка група со цел да ги видат гаранциите дали Заев има мнозинство во Собрание. Oд СДСМ пак , на Мицкоски му порачаа да го прочита уставот.

„Очајни се обидите на губитникот Христијан Мицкоски да пронајде алиби за третиот негов последователен пораз на изборно соочување“- се вели во реакцијата на СДСМ.