Македонија
29. July 2020 - 13:10

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да плаќаат поскапа струја за Заеви да си делат тендери

Регулаторната комисија да ја преиспита најавената одлука за поскапа струја од септември, бараат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму сметаат дека поскапувањето е резултат на загубите од неоговорно стопанисување на ЕЛЕМ и МЕПСО, но и сомнителни тендери кои биле делени во РЕК Битола.

- Граѓаните не се должни да плаќаат поскапа струја за да можат Зоран Заев и Вице Заев да делат тендери во РЕК Битола и да вработуваат партиски војници во АД ЕЛЕМ и МЕПСО. Регулаторната комисија за енергетика пред да ја поскапи струјата да има предвид дека граѓаните се најпогодени од корона кризата и наместо псокапа струја да направи добра анализа за менаџирањето во сите енергетски претпријатија - рече Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Катерина Нешкова