ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат да се чувствуваа безбедно, а криминалците да се најдат зад решетки
Со криминал и газење на правото сите врати на Република Македонија се затворени.
СДСМ го излажа народот, ги погази националните интереси, потпиша капитулантски договор и на крај не добивме датум за преговори со ЕУ.
ЕУ јасно порача со ова криминално раководство на СДСМ не сака да преговара.
Добро знаат дека СДСМ е единствената партија во Европа контролирана и водена од аболициран криминалец.
СДСМ од една страна го претвори судството во маша за политичка пресметка со неистомислениците, а од друга страна го користи за заштита на криминалот и корупцијата кои што ги генерира нивната власт.
Во СДСМ владее паника. Свесни се за поразот кои им следува. Свесни дека по 12 април сите оние кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а ќе одговараат и оние кои што се ставиле во заштита на истиот.
Граѓаните заслужуваат правда и правдина. Заслужуваат да се чувствуваа безбедно, а криминалците да се најдат зад решетки. По 12-ти април ќе започне обнова на Македонија и сите врати ќе и се отворат ширум. Бидејќи на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Заев и СДСМ никогаш повеќе.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење