ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиравме над шест милиони денари за конзервација на црквата во Курбиново
СДСМ не престанува да манипулира со граѓаните. Лага е дека црквата „Свети Ѓорѓија“ во Курбиново со години била оставена во руинирана состојба.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2013 до 2016 година инвестираше над 6 милиони денари за проектот за конзервација на црквата „Свети Ѓорѓија“ во с.Курбиново, активности и дејствија без кои понатамошната работа на објектот денес ќе беше невозможна.
СДСМ не успеа да го задржи темпото на константна работа и инвестирање кое како стандард го постави ВМРО-ДПМНЕ.
Врвен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ беше заштита на црквата „Свети Ѓорѓија“ во с.Курбиново.
Проектот за заштита се одвиваше во повеќе фази, при што во првата фаза беше извршен проект за конзервација, во втората фаза беше извршена анализа за статичка стабилност на објектотот и беше поставен времен покрив над објектот за да може непречено да се одвиваат конзерваторските работи, дополнително направени се голем број на истражувања, но е извршена и превентивна заштита на фрескоживописот за отстранување на штетните наслаги кои се резултат на нестручните конзерваторски интервенции во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век.
Интервенциите на старите објекти, кои се дел од нашето културно наследство е постапка која се спроведува етапно со цел неоштетување и заштита.
На граѓаните им е преку глава од неодговорната политика на СДСМ.
Обидот за добивање на политички поени со лаги и манипулации, сокривајќи факти е карактерна особина на СДСМ. Граѓаните се препознаваат дека основен начин на владеење на СДСМ е манипулацијата.
Граѓаните очекуваат одговорност и работа. Граѓаните не сакаат лаги и манипулации.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тројца пациенти од Штип се носат на клиниките во Скопје
-
Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани
-
Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и нема писмен договор меѓу организаторот и групата
-
Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска
-
Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата
-
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани