Македонија
28. March 2016 - 21:33

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева настапува со политички конструкции

Катица Јанева повторно настапи со политички конструкции кои содржат се освен почитување на правото и претставуваат директен доказ на очајот во кој што се наоѓа Зоран Заев и СДСМ.

Ова го порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната  прес-конференција на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство.

- Денешниот политички настап на Јанева е најдобра потврда дека СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации, се нагласува во реакцијата.

Сосема е очекувано, се додава,  дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да нуди  деструкција, манипулации и продуцирање на кризи, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кое продолжува со одговорно и отчетно работење.