ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е рекордер во регионот по починати лица од Ковид-19
Македонија е рекордер во регионот по починати лица од Ковид-19.
Овој податок говори само дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледаат како да ја спасат политичката кариера.
Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 20 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот.
Споредбено, Хрватска во последното деноноќие нема заболени од корона вирус, додека пак Албанија има 8 новозаболени од Ковид-19.
Во Република Македонија бројката е значително поголема, вкупниот број на заболени кај нас достигна 1.941 лица, а бројот на починати е 113 лица.
Бројките се влошуваат секое деноноќие, а доколку се спореди со држава со приближно ист број на жители како Словенија, Македонија има навистина лоша бројка. Словенија заклучно со 21 мај има извршено 73.742 тестирања, а Македонија за тој период само 24.018.
Според мапата која беше објавена Македонија има највисок индекс по смртност во регионот. Додека ние сме на врвот, СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, и по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори.
Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители. Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават.
Со СДСМ и Заев единствени добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто