-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија меѓу земјите со највисока инфлација во Европа
-->
Целосно објавените податоци за инфлацијата во мај 2022 година ја потврдија констатацијата дека Македонија е меѓу државите коишто имаат највисока инфлација во рамки на Европската Унија, земјите кои се дел од Европската економска област и од земјите во регионот.Само 8 држави се пред нас на листата (со Турција 9 којашто има годишна инфлација од 73,5%), додека вкупно 25 држави имаат пониска инфлација.
Од земјите во регионот, пониска инфлација имаат: Албанија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, а повисока имаат Косово и Бугарија.
Најниска инфлација во Европа имаат Исланд, Малта и Франција. Во услови на ист негативен шок од страна на понудата и позитивен од страна на побарувачката, а при единствена монетарна политика во евро зоната, варијациите на инфлацијата во земјите кои припаѓаат во неа се однесуваат на способноста на владите за справување со инфлацијата. Кај нас, со самостојна монетарна политика и неспособна влада, сме меѓу земјите на врвот на листата според инфлацијата!
Премногу е! Вечер на протест за предвремени избори!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
