Македонија
23. February 2021 - 11:52

ВМРО-ДПМНЕ: Монструмот Заев да се извини за лагите за "Монструм"

Монструмот Заев да се извини за лагите за "Монструм". Заев со години ги лажеше родителите на убиените деца и нивните роднини дека има друга вистина за "Монструм" и дека други се убијците.

Денеска судот ги потврди казните, а друга вистина не е утврдена. Заев лажеше и манипулираше со чувствата на роднините на убиените, но и на целата нација.

Заев ја злоупотреби трагедијата на убиените за политичка корист и нижење на политички поени.

Заев лажеше дека поседува докази, докази немаше.

Заев лажеше и наведуваше цела јавност лаги и невистини.

Заев мора да сноси одговорност. Доколку има грам морал ќе си даде оставка веднаш.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ