Македонија
26. February 2020 - 15:40

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му оди со тендерите, ама не и да ги заштити граѓаните од корона вирусот

Корона вирусот е за жал реалност и речиси е пред вратите на Република Македонија.

Прашуваме зошто, наместо целата енергија на министерството за здравство и министерот Филипче да биде фокусирана кон препораките на СЗО за справување со актуелната ситуација, се доцни дури и со основната организација на неопходно потребните минимални просторни и кадровски капацитети. Од друга страна ќе потсетиме, дека многу пати јасно се покажа како во текот на мандатот на актуелниот министер за здравство и оваа влада одлично и навремено функционираше на делењето, договарањето и реализацијата на сомнителни тендери.

Дали господинот Филипче и покрај премногу пропусти и грешки во својот мандат во секторот здравство до сега, кои на одреден начин влијаеле повеќе или помалку врз квалитетот на здравствената услуга што ја добиваат и заслужуваат граѓаните сега конечно ќе се почувствува повикан.

Прашуваме во овие критични моменти кога Корона вирусот е веќе регистриран во нашето најблиско опкружување, кој ќе ја понесе одговорноста за последниот пропуст во организацијата на расположливите капацитети за справување со потенцијално кризна состојба од ваков вид и вакви размери.

Дали со ваквиот лежерен пристап сериозно се загрозува здравјето на граѓаните на Република Македонија? За што всушност станува збор?

Имено министерот тврди дека сме подготвени и дека се било организирано?!

Прашуваме, што е тоа што е организирано?

1) Нема основни средства за хигиена во училиштата.

2) Патници од авион кој што слета на скопскиот аеродромот од кризното подрачје во Италија с поминаа без никаква контрола!

3) Дали некој воопшто ги евидентираше и контролираше овие патници во периодот на инкубација на вирусот?

4) Со колку респиратори располагаме во моментов? Колку од истите се функционални? Дали имате доволно адекватно обучен персонал за потенцијални критични случаи или за предвидениот карантин?

Дали е функционална собата со негативен притисок и колкав е нејзиниот капацитет? Дали забранивте или ограничивте патување кон и од кризните жаришта? Дали патниците од кризните жаришта ги изолирате во карантин за периодот на инкубација на вирусот? Има ли доволно маски за здравствениот персонал кој ќе биде на првата линија на удар доколку се појави вирусот и кај нас? Има ли воопшто доволно маски за граѓаните на Република Македонија? Постои ли воопшто контрола на патниците, министре? Имате ли посебен режим за оние лица кои што доаѓаат од кризните подрачја? Што е со оние лица кои што влегуваат со возила во државата? За каква тоа организираност зборуваме?

Македонија во моментов не успева да задоволи еден од основните минимални услови кои ги препорачува Светската здравствена организација, а тоа е одржувањето на основната хигиена!

Треба итна организација за ефективно да се одговори на сите препораки на Светската здравствена организација.

Ова требаше да биде готово не утре, не денес, туку уште вчера.

Власта носи бенефиции, но со себе носи и одговорност.

Сега ни преостанува само единствена опција, да ви помогнеме во организирањето на мерките за превенција и справување со потенцијалната криза, а потоа да се понесете одговорност!

Доаѓа 12-ти април и граѓаните ќе се уверат што значи навремена и квалитетна здравствена услуга!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ