ВМРО-ДПМНЕ: На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина, одговорност мора да има
На лагите на Венко Филипче им нема крај.
По една година од корона во Македонија слушаме само како кажува вакцините само што не дошле, ама вакцини во државава никако да стигнат.
Крај на февруари, на прагот е март во Македонија нема ни една вакцина, освен оние 8000 донирани од Србија.
Крај на февруари, на прагот е март и повторно нова лага од Филипче кој вели кинеските вакцини ќе доцнеле!
Истите требаше да стигнат во февруари, па првата недела од февруари, па по кинеска Нова година, ама се помина, еве го март кинески вакцини нема, ама „најавата“ дека ќе доцнат е тука.
И за одбиените руски вакцини, Филипче вели се понудил рускиот амбасадор во земјава да помогне. А истите тие Филипче и Заев ги одбија во декември.
За крајот на март неодамна најави доста вакцини од Фајзер, од КОВАКС механизмот, кинески.
„Ситуацијата е под контрола“ на Венко Филипче по една година резултира со 3.119 починато од корона.
Неспособноста на Филипче и Заев да набават вакцини чини човечки животи.
За ова одговорност мора да има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација