Македонија
9. March 2021 - 11:51

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да набави вакцини, на Филипче полесно му е да прогласи полициски час

Дека Венко Филипче не знае како да го организира здравствениот систем се гледа уште од минатата година кога во Македонија се регистрираше првиот случај на корона.

Ниту организација на системот, ниту лекови, ниту кревети, се од ова требаше да среди, ама не направи ништо.

А со вакцините доцни, а поради тоа умираат луѓе!

Ама затоа од рака му оди да се согласи со кризна состојба, со полициски час.

Наједноставен начин му е тоа.

Ама зошто го прави сега кога епидемиолошката состојба се влоши пред две недели?

Затоа што не знае или се прави дека не знае дека треба засилена контрола на работни простории, како и засилена контрола на отворени места, како парковите, места каде се групираат младите и повеќето луѓе, во текот на цел ден, како и навечер.

Затоа што не знае да обезбеди вакцини.

Затоа што нема слух за барањата за локалните власти, а треба затоа што секоја општина е своја приказна.

Затоа што не знае дека треба задолжителна изолација, карантин за лицата кои се вратени од земји во светот каде епидемијата е вон контрола.

Ама затоа знае да мести тендери за клинички, за стерилизација и уште што не.

Одговорност за сето ова мора да има!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ