ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме да се донесат решенија што се спротивни на државните и национални интереси
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштени домедиумите порачува дека чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“ и заради почитта кон нив и нивната стратешка определба, нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси.
- Зоран Заев и СДСМ гледаат позитивно кон платформата од Тирана и немаат проблем да дебатираат за менување на химната, грбот и знамето со крајна цел соодветно да бидат претставени и Албанците. Немаат проблем да се преземе обврска да се промени името во рок од една година само за да се задоволи барањето од сеалбанската платформа за брз влез во НАТО. Немаат проблем да го прогласат албанскиот јазик и неговото писмо за официјален државен јазик, заедно со македонскиот и неговото кирилско писмо. Немаат проблем да ги променат банкнотите, униформите, написите. Со оглед дека деталите од договорот и од платформата ги држат во тајност, кој знае на што се друго се подготвени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нагласуваат дека е суштинско во овој момент на што се подготвени граѓаните?
- Дали граѓаните се подготвени за редефинирање на Република Македонија, на нејзино претварање од мултиетничка во бинационална држава и дали граѓаните се подготвени на кантонизација и федерализација? Одговорот за сите овие прашања најдобро ќе се добие на нови предвремени парламентарни избори, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Легитимно е, додаваат, Зоран Заев и СДСМ да мислат дека платформата од Тирана е позитивна за земјава, но крајниот суд околу платформата треба да го дадат граѓаните. Тие не гласаа во декември за сите овие елементи од платформата.
- Се ближат локалните избори и најдобар излез од оваа криза е доколку Зоран Заев се охрабри и се согласи да ја постави платформата пред граѓаните. На ист трошок тие ќе гласаат и за локалните власти, но ќе се произнесат и околу платформата од Тирана. Доколку Зоран Заев и СДСМ имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува да ја отфрлат. Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат влада каква што сакаат и покрај тоа што загубија на изборите. Цената ќе биде далеку помала отколку цената што ќе ја плаќаат сите идни генерации доколку не ги отфрлат уцените, наглсуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити