Македонија
26. November 2019 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Нема лага која времето нема да ја демантира

Тоа што десет пати СДСМ ќе ја повтори една иста лага за енергетиката не станува вистина.

СДСМ е шампион во нереализирани ветени проекти, 98% од ветени проекти немаат реализирано ништо.

СДСМ е шампион во лажење и пласирање на лажни вести.

СДСМ е светски шампион во спроведување на криминал и рекет.

Лага е СДСМ вели дека „во времето на Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100 проценти увезувајќи енормно скапа струја“.

Во периодот од април 2015-та до август 2017-та година цената на струјата во сите три пресметковни периоди се намалува. Тоа го потврдува во своите извештаи и Регулаторната комисија за енергетика каде се гледа дека:

– во периодот јуни 2015 – јуни 2016 година цената на струјата е намалена за 0.33%

– во периодот јуни 2016 – јуни 2017 година цената на струјата е намалена за 0.25%

– и во третиот извештај кој го мери периодот по јуни 2017-та до август 2017-та година цената на струјата е намалена за 0.25%.

Овие податоци се лесно проверливи, но Заев и СДСМ обожаваат да пласираат лажни вести во јавноста бидејќи знаат дека им се ближи крајот. Нема лага која времето нема да ја демантира, доаѓаат промени, доаѓа обнова на Македонија.