Македонија
14. October 2016 - 13:33

ВМРО-ДПМНЕ организира тридневен партиски настан

ВМРО-ДПМНЕ во следните три дена ќе организира партиски настани, трибини и собири на кои ќе се дискутира за постигнувањата на партијата, проектите, но и за нејзините генерални политики, најави денеска на прес-конференција Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на партијата и актуелен министер за здравство. Тридневните активности ќе завршат со собир во салата „Борис Трајковски“ на која ќе се обрати претседателот на партијата Никола Груевски.  

Владејачката партија, како што кажа Тодоров, порачува дека е време за крај на политичката криза, време е за крај на деструкциите, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај и за штетите за државата.

- Без огледа на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чуство на одговорност кон ѓраѓаните и кон државата. Затоа што за нас интересите на Македонија се пред се, рече Тодоров.  

Според него, ова ќе биде викенд на отчетност и на реални проекти и дела, што ги прави ВМРО-ДПМНЕ поразлични од другите партии.

Најави обраќања и дискусии на политичари од ВМРО-ДПМНЕ, но и многу други професионалци и експерти, луѓе кои се надвор од политиката.

- Ќе зборуваме за нашите примарни определби - новите работни места, подобриот стандард на граѓаните, за тоа како да ја зголемиме уште повеќе бројката од нови 160.000 нови работни места кои што ги отворивме. Ќе дискутираме за земјоделието, културата, спортот, за поддршката на ранливите категории граѓани, за здравството, за здравата животна средина. Ќе дискутираме и за државата низ призма на законодавната и извршната власт. Посебен фокус ќе имаме и на положбата на жената во политиката и на проектите кои се посветени на жените во Република Македонија, изјави   

За време на партиските активности, кажа Тодоров, ќе се дискутира за реалните проблеми на луѓето и проектите кои им помогнале во секојдневието.