Македонија
6. July 2022 - 13:28

ВМРО-ДПМНЕ: Осудуваме секаков вид на насилство

Осудуваме секаков вид на насилство и секоја форма на провокација која доведува до насилство. Темата за која протестира народот е бугаризација и асимилација која ја прави владата. Апелираме да не се подлегнува на насилното сценарио на власта и вечер повикуваме да се изолираат полициските  инфилтрати на Спасовски и лица со маски кои не се дел од протестот туку уфрлени провокатори.

Наместо Спасовски и Ковачевски да бидат аналитичари на протестот нека си ја вршат работата и нека ги отстранат провокаторите кои имаат за цел дефокус. Осудуваме и секаков вид бруталност врз недолжни граѓани

Вечер во 19 часот, пред влада, ултиматум не благодарам!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ