ВМРО-ДПМНЕ: Павлина Црвенковска нема искуство како судија, туку партиски багаж
Изборот на Павлина Црвенковска за Претседател на Судскиот совет е уште еден показател дека власта на Заев максимално го партизира судството. Имено Црвенковска нема ниту еден ден стаж како судија , а ќе раководи со тело кое одлучува за избор и именување на судии во Македонија.
Истата таа Црвенковска можеби нема искуство како судија, ама затоа има сериозен политички багаж како шеф на кабинет на Владо Бучковски и вршител на функција во влади предводени од СДСМ.
Ова е сериозно политичко мешање и обид за контрола на судската власт, а веројатно крајната цел е да се забошотуваат криминалите на оваа власт предводена од Заев.
Оправдан е сомнежот на јавноста дека меѓу другото Црвенковска може да влијае и на судскиот процес поврзан со пропаѓањето на Еуростандард банка, од проста причина што токму нејзиниот сопруг е меѓу посочените кои зеле кредит од банката без соодветно покритие и истиот не го вратиле. На овој начин банката и штедачите се оштетени, за што и самите тие сведочат.
Павлина Црвенковска нема кредибилитет и ако имаше барем малку доблест ќе поднесеше оставка уште веднаш. Но очигледно надвладеале вредностите на Заев кој е познат по својот ѓон образ.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето