Македонија
28. April 2021 - 15:11

ВМРО-ДПМНЕ: Павлина Црвенковска од партиски функционер на СДСМ стана претседател на Судски совет

Од шеф на кабинет на Бучковски до делител на правда не бива.

Павлина Црвенковска од партиски функционер на СДСМ стана претседател на Судски совет.

Независноста на судската власт е обврска. Не може партиски човек да одлучува за работата на судиите.

Какви ќе бидат одлуките на Црвенковска партиски или независни?!

Со Црвенковска на чело на Судски совет пак ќе гледаме како ЈО и судството работат под диктат на Заев и како нема ниту една постапка против него.

Ќе гледаме како нема разрешници за Мафија 1 и 2, за Шик Јелак, за Еуростандард, за сите скандали и афери, кои не се ни добројуваат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ