Македонија
5. February 2020 - 16:46

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за распуштање на Собранието, власта не се откажува од можноста за одложување

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поденесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари за предвремемните избори на 12 април.  Од таму велат дека се решиле на ваков чекор бидејки и покрај исполнување на сите услови за избори деновиве лидерот на владејачката СДСМ Заев најави пролонгирање поради законот за обвинителство за кој се уште не постои договор меѓу власта и опозицијата.

Од опозициската партија остануваат на тоа дека законот за обвинителство може да биде донесен и до 12 февруари ако решението доаѓа од експертите. Постојната верзија на законот според нив е само изговор на Заев за бегство од избори

Од владејачката СДСМ пак, велат дека и тие се за избори на 12 април, но и дека стојат на тоа дека распуштањето на парламентот можено е да биде одложено на неколку дена за да бидат донесени законот за обвинителство и изборниот законик во делот на забелешкте на ОБСЕ И ОДИХР.

Тој и Ивана Туфегиќ беа единствените пратеници од СДСМ и од Собранието кои денеска имаа средба со претставници на францускотот МНР задолжени за Балканот и земјава. Иако француските дипломати побарале средба само со претставници од власта Китев вели дека тоа не го доживеал како  притисок врз СДСМ да попушти во однос на законот за обвинителство. 

Нема официјален став за распуштањето од страна на владејчката ДУИ, но неофицијално и тие би гласале за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на 12 февруари. Предлогот доби поддршка и од Алијансата на Албанците на Зијадин Села.