ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од три недели не се издаваат лични карти, граѓаните во хаос
Спасовски го крши законот, повеќе од три недели не се издаваат лични карти, граѓаните во хаос.
Од 5 јули до денеска не е издадена ниту една лична карта. Тоа се повеќе од три недели како управните служби на МВР не си ја извршуваат со закон регулираната должност.
Согласно законот за лични карти, МВР е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја издадат личната карта.
Поради неспособноста на Спасовски голем број на наши сограѓани се оставени без документ за идентификација и им е оневозможено да ги користат своите сметки, да подигаат пензија или плата. Застој има и во правниот промет зошто голем број на граѓани не можат да склучуваат договори и да се појавуваат како договорна странка било пред државен орган или помеѓу физички и правни лица.
Голем број наши сограѓани оваа неспособност на Спасовски ги чини пари и изгубена добивка. Друг дел ги чини лоша егзистенција затоа што не можат да си го подигнат од банка единственото примање. Спасовски мора да понесе одговорност. Не може системот за издавање на лични документи да е нефункционален, а тој да нема одговорност. Одговорност веднаш. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар