Македонија
2. May 2022 - 16:33

ВМРО-ДПМНЕ повикува на избори, СДСМ тврди дека Мицкоски се плаши од Ковачевски

Македонија се соочува со катастрофа и единствен излез се брзи предвремени избори. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска апелира до Ковачевски да ја прифати понудата на Мицкоски да закаже јавна лидерска средба и да се договори датум за избори

Во СДСМ велат дека уште во првите 100 дена од мандатот Ковачевски покажал дека има капацитет да го заштити стандардот на граѓаните

„Поради намалени трошоци за храна, горива и електрична енергија, просечно семејство заштедува околу 4.000 денари. Сите овие државнички одлуки Владата предводена од СДСМ во првите 100 дена од мандатот ги донесе за заштита на стандардот на граѓаните. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економски раст“ – велат од СДСМ.

За лидерска за предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ даде рок до 10 мај, по што најави досега невидени чекори без да прецизира за што станува збор.