Македонија
15. March 2021 - 9:57

ВМРО-ДПМНЕ: Пријател на Љупчо Путерот шверца 5 шлепери тутун, а Љупчо Путерот брка путер по магацини

Пријател на Љупчо Николовски Путерот шверца 5 шлепери тутун, а Љупчо Путерот брка путер по магацини.

Откако успеа да заплени 60 тина паковања путер, или народски кажано две кеси, гледаме дека во државата се е во нормала. Па и оние 111 места на листата на Транспаренси сега не се толку лоши, наскоро ќе биде уште полошо.

Прошверцувани се 5 шлепери тутун, а никој не е во затвор.  Заев се однесува како ништо да не се случило. Да не беше во прашање пријател на Љупчо Путерот, и за 10 штеки цигари сега ќе беше зад решетки.

Со СДСМ буквално се повторуваат деведесетите. Шверцот цвета, криминалот е на секаде, а никој не одговара.

ЈО безобразно молчи за Студенац Шпед. Зошто не е поткрената истрага и зошто сите замешани во шверцот се на слобода?!

Дали ЈО упатува порака до сите дека може да шверцаат тутун и да поминат неказнети, или сепак треба да се пријатели со вицепремиер?! 

Јавноста нема да заборави, на шверцерот, пријателот на Љупчо Путерот и тој самиот наскоро ќе треба да објаснат како и зошто се шверцни 5 шлепери тутун.

Доаѓа време за одговорност.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ