Бизнис
21. August 2017 - 16:41

ВМРО ДПМНЕ: Сатар за пензиите, Владата тврди пензионерите ќе го добијат законското покачување

Сатар за пензиите. ВМРО ДПМНЕ и денеска ја обвинува Владата дека ги скратила парите за покачување на пензии за да обезбеди пари за хонорари за естрадни менаџери од Србија и за членовите на невладините организации. 

Од опозицијата велат дека наместо 5%, колку што ги зголемуваше претходната влада, сега пензиите ќе пораснат незначително односно за 180 денари.

Од друга страна, министерката за труд вели дека токму Владата ВМРО ДПМНЕ ги кратела парите за пензии.

-Ние ќе им дадеме за една година 2.160 денари. Во 2016 година пензионерите едонкратно добија 630 денари зашто усогласувањата, двапати годишно, ВМРО-ДПМНЕ ги скрати. Со тоа им било скратено правото на пензионерите, како растат трошоците за живот и платите, така да им растат и пензиите. Секоја година ВМРО-ДПМНЕ укинуваше по некој член, а даваше пет отсто или практично, четири пати помала сума, изјави Мила Царовска. министерка за труд и социјала.

Последното покаување на пензиите беше лани во ноемвр и изнесуваше 600 денари за секој пензионер. Царовска затоа вели дека за цела година лани пензиите се зголемиле за 600 денари. Според неа, сега пензиите ќе ратста по 180 денари секој месец или 2160 денари за една година.

Но, премсетките покажуваат дека за четири месеци од оваа календарска година пензиите ќе се зголемат 720 денари или само 110 денари повеќе во однос на лани кога беше покачена само една пензија.

Ако пак, согласно досегашната парктика, пшензиите се зголемеа за 600 денари, за една година пензионерите ќе имаа плус 7200 денари за своите сметки наместо сегашните 2160. Престемтките покажуваат дека сумата од 7200 денари која ВМРО ДПМНЕ ја обезбедуваше за 12 месеци, Владата на СДСМ ќе ја исплати на пензионерите во тек на три години.