ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ да се огради од ставовите на Заев
СДСМ вчера побара граѓаните на Република Македонија да не бидат информирани за пазарењето со највисоките национални интереси од страна на нивниот лидер, Зоран Заев и медиумите да не известуваат дека Заев пред албанската дијаспора призна дека тој бил човекот што храбро го отворил прашањето на двојазичноста и храбро одлучил да поставува двојазични табли на штабовите на СДСМ.
Ова денеска на партиска прес-конференција го порача Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој нагласи дека она што СДСМ го стори вчера во соопштение до јавноста беше признание дека редефинирањето на уставот, воведувањето двојазичност и федерализација партијата го третира како предизборен проект ветен во замена за неколку стотици албански гласови и побара од СДСМ да се огради од ставовите од нивниот лидер.
- СДСМ им се закани на медиумите да не објавуваат дека Заев на албанската дијаспора и вети дека рамката на Охридскиот договор не била доволна и дека тој ќе ја проширувал, на линија на ветувањата за менување на Уставот и ја обвини Македонија дека во нас е проблемот за сите отворени спорови со соседите, вклучувајќи го и спорот за името со Грција, рече Трајковски.
Нагласи дека прашањето на заштита на националните интереси и одбрана на Република Македонија е егзистенцијало прашање, прашање на опстанок на македонскиот народ.
- Тоа никогаш не било и нема да биде прашање за пазарење, поврзано со избори или какво било прибирање на ситни политички поени. Прашањето да се биде или не, да се заштити независна и суверена Република Македонија за ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане врвен приоритет, без разлика дали има избори или нема. Без разлика дали одбраната на националните интереси значи губење политички поени или критики од одредени кругови, потенцира Трајковски.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ