Македонија
20. August 2018 - 10:44

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го заштитува Заев од криминалот

Секој ден од Центарот за Комуникации на СДСМ се пушта едно исто соопштение. Стерилно соопштение каде што се повторуваат истите тези,  невистини и лаги.

Центарот за комуникации на СДСМ го заштитува Заев од криминалот, од едноставна причина затоа што тој го произведува.

Го заштитува со исти фалични тези за референдумот, манипулира, го повикува ВМРО-ДПМНЕ итн.

Така срамот од капитуланскиот договор не се покрива. Не се покрива ниту скандалот за тендери и партиски вработување на над 6.000 лица во администрацијата.

Зоран Заев и СДСМ да не го користат референдумот како параван за колективниот грабеж  кој и го прават на Македонија.

Јавноста го виде многу добро владеењето на Заев и СДСМ.

На крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат.