ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека цензурира вести
СДСМ призна дека цензурира вести. На прес конференцијата на СДСМ Богданка Кузеска кажа дека изготвиле стратегија за цензурирање на медиуми. Дали Кузеска во име на политичка партија подготвува платформи за лажни вести, наместо тоа да го прави официјално Владата?
Дури и власта да направила проект тоа е работа за која треба да извести Владата, а не СДСМ.
Знаеме дека СДСМ од Павел Шатев има цели акции за лажни вести и нивно ширење, веројатно затоа што се лидери во нивното креирање.
Против демократијата се илјадниците коментари и постови на граѓаните кои се избришани заради тоа што на СДСМ и Заев не им одговара кога некој е критичен кон анационалните политики на оваа власт.
Власта директно од Павел Шатев прави факт чекинг за руски салати, додека најголемите лажни вести излегуваат од устите на функционерите на СДСМ.
Рекламирањето на владини мерки кои сеуште не се донесени во државните институции од партиската говорница на СДСМ е доказ дека во седиштето на лажните вести се штампа цензурата која оваа партија ја спроведува на дело кон дел од медиумите во земјава.
Кузеска треба да се свести дека не е портпарол на Владата и на неколку министерства одеднаш, па да говори какви меморандуми, протоколи и мерки тие ќе преземаат.
Кога зборуваме за проверување на фактите, лажните вести на оваа власт не можат веќе да бидат изброени. Секој втора реченица на Заев е лажна вест, со Филипче ја победивме короната уште во мај месец лани, Заев, Османи и Димитров го донесоа непостоечкиот датум за преговори, Шилегов вели нема загадување во Скопје, Шеќеринска објавуваше класифицирани воени документи и многу други блескави вистини, а кои факт чекерите на СДСМ спијат, ама затоа секој кој е критички настроен кон власта ќе биде оцрнет и цензуриран.
Притисокот кон медиумите кој сега го најавува СДСМ директно од партиската говорница е прочитан и целта е јасна, да се оцрнат медиумите кои се критични кон Зоран Заев и власта, да се цензурираат неистомислениците по секоја цена за СДСМ да продолжи да си глуми демократија, а на граѓаните да им се сервира непостоечка реалност.
За СДСМ и оваа власт вистината е само она што ќе го каже Зоран Заев, се друго е лажна вест.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово