Македонија
24. July 2017 - 16:24

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да го партизира судството

Фркчовистичкиот совет за реформи во судството преку кој Заев ќе се обиде да инсталира стотици нови „Катици“, слепи послушници на неговите нарачки, ќе го ослободат од вина за тешките криминали кои ги сторил, а ќе ги гонат без доказ и факти неговите неистомисленици, обвини денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

- Покрај лустрираниот Љубомир Фрчковски кој во режимот на СДС своевремено се занимавал со политички местенки и прогони на луѓе само заради нивните политички определби, во овој совет Заев ја постави и претседателката на комисијата за политички систем на СДС, Маргарита Цаца Николовска за да го реформира судството според насоките на нејзиниот лидер, рече Стаменковска.

Според неа, во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд, како претставник на фелата. Овој совет на СДСМ, вели Стаменковска, има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонат на Зоран Заев за да можат тој и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов.