ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фали со наши проекти
ВМРО-ДПМНЕ смета дека со тоа што владини членови и парламентарци од СДСМ се пофалиле за исплатата на пензиите, субвенциите и стипендиите за студентите признале дека биле лага тврдењата оти во Буџетот нема пари и дека Македонија е пред економски колапс. Од партијата тврдат дека СДСМ се фали со проекти што ги започнала ВМРО-ДПМНЕ.
- Во Буџетот има средства кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остави. Се работи за сума од 180 милиони евра, од кои околу 50 ќе одат за исплата на земјоделски субвенции. За споредба, владата на СДС во 2006-та година во буџетот остави само три милиони евра, но и десетици извршни решенија од изгубени судски рочишта со што ја блокираше тогаш новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во врска со првата седница на новата Влада.
Од партијата сметаат дека резултат на полниот Буџет се исплатените субвенции за земјоделците, пензиите и стипендиите на студентите со кои, како што велат, денеска своите фејсбук профили гордо се пофалиле членови на Владата и парламентарната група на СДСМ.
- Сите овие проекти ВМРО-ДПМНЕ ги третираше како проекти и реформи од највисок интерес. Земјоделски субвенции во време на СДС немаше воопшто, а во изминатите 10 години на земјоделците им се исплатени повеќе од 1 милијарда евра. Подигнати се значително и пензиите и стипендиите за студентите. Проектите и реформите што ги реализираше владата на ВМРО - ДПМНЕ се од полза на сите граѓани и заради тоа најголем дел од нив и во декември гласаа за програмата „Реално“, се додава во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека „со постизборна измама“ СДСМ успеал да обезбеди мнозинска поддршка, така што граѓаните сега од нив очекуваат „не само да се фалат со проектите отпочнати и реализирани од ВМРО-ДПМНЕ туку да ги остварат ветувањата за изградба на нови 500 километри автопат, просечна плата во висина од 30.000 денари, 16.000 денари минимална плата и 100.000 денари плата за докторите“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари