ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае дека од буџетот не се финансираат ниту панорамското тркало, ниту рајската градина
ВМРО-ДПМНЕ секогаш води сметка за граѓаните во Република Македонија, и кога има и кога нема елементарни непогоди, за разлика од СДСМ кој редовно и бесрамно се обидува да ги манипулира оние на кои им е најтешко.
Ова го посочува владеачката парија во реакција на пишаното соопштение на СДСМ до медиумите во кое порача дека е можно да се обезбедат 53 милиони евра за надомест на штетата за поплавените од скопскиот и тетовскиот регион без да се прави ребаланс на Буџетот и нови задолжувања.
- Наместо да се посвети кон помагање на најпогодените во поплавените региони, СДСМ се фокусира на лажење. СДСМ знае дека преку Буџетот не се финансираат ниту Панорамското тркало, ниту Рајската градина, но лажењето е прв предмет кој го учат експертите од економската школа „Вице Заев“, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, се додава, се води од мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ и користи човечки трагедии за бесрамно и најдолно да лаже и манипулира.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација