Македонија
29. April 2021 - 9:14

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека нема истрага за Заев за наводите за милионите од Рекет, ќе нижеме негативни извештаи за криминал и корупција

Владата на Заев сериозно доживеа дебакл на полето во борбата со корупцијата. Извештајот на ГРЕКО е показател дека не сме мрднати од мртва точка, напротив уште тонеме. Од 23 препораки кои требале да се исполнат, само 4 се целосно завршени, ова е дебакл!

Извештајот на ГРЕКО е уште еден показател дека владата не знае и не може да се бори против криминалот и корупцијата, бидејќи тие се во неа.

ГРЕКО исто така забележува на позицијата на Љупчо Николовски, кој во исто време е и антикорупционер и високопозициониран политичар.

Извештајот на ГРЕКО е само еден во низата негативни извештаи, претходно на листата на Транспаренси се најдовме на 111 место за перцепција на корупција.

Извештаите на меѓународните институции и организации се само потврда на тоа на кое ВМРО-ДПМНЕ наназад со години алудира. Оваа влада е криминална и корумпирана. Видовме како се рекетираат милиони од бизнисмени, а потоа Боки 13 кој ја носеше торбата со милиони кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви, а истрага нема. Видовме како Ден Дончев става туце пари во ташна, а истрага нема.

Владата е до гуша во криминал, и вистинските криминалци не одговараат, иако за тоа има докази објавени во јавноста кои инфлагранти ги инкриминираат.

Се додека Заев е на чело на државата Македонија ќе тоне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ