Македонија
7. July 2017 - 17:46

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што МАНУ не го знае договорот со Бугарија

Скандалозно е признанието на МАНУ дека највисоката научна институција нема информација за тоа што договориле Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија, обвинуваат од опозциската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека исклучително опасна игра е наместо најавените дебати од Заев, премиерот да не ги праша Академиците за прашања што задираат во највисоките државни интереси.

Заев потврди дека се договорено освен некој мал детаљ и дека договорено е менување на учебнивите, но не кажа што ќе се брише од нив. Ману мора да покаже интерес и да не остави простор да се протне нешто спротивно на интерес на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму бараат првиот човек Таки Фити да излезе со став за Договорот инаку во спротивно ќе ги потврди изјавите на директореот на бугарскиот национален институт Божидар Димитров дека е „човек кој се плаши од Заев за својата работа“. Имено, Димитров пред неколку дена за  БТВ во интервју тврдеше дека МАНУ нема да се спротивстави на потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Бугарија бидејќи нашите Академици се послушници на Заев и дека за пари се подготвени да го сменат и својот идентитет.

Претседателството на МАНУ вчера преку соопштение реагираше на повиците од ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека не се и нема да бидат приврзок на ниту една политичка партија, но ја обвини опозициската партија дека се прилепува на провокативни изјави кои доаѓаат од Бугарија.

„Загрижува фактот што на таквите провокации се „прилепуваат“ наши политички партии, кои, без претходно да ги проверат фактите, ја обвинуваат МАНУ за „молчење за суштински прашања од посебен национален интерес...“, стоеше во соопштението на Академијата

Илиоски одговара на ваквиот став на МАНУ не помага во заштита на нбационалните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во потпишувањето на Договорот, нит има информација што содржи ....

Ова е четврт ден како опозицијата бара став од МАНУ за договорот меѓу Македонија и Бугарија. Додека во Макеоднија се поставуваат овие прашања, бугарскиот премиер Бојко Борисов излезе со став дека особено важно е договорот да биде потпишан бидејќи со тоа Бугарија ќе и помогна на Македонија побрзо да влезе во НАТО.

„За Македонија, се разбира дека договорот за добрососедство, којшто очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен. Како на најблизок сосед и народ, на историчарите да им оставиме да спорат, се разбира тоа е понепријатна тема, но поголемата тема е Македонија во НАТО и во ЕУ. Дали е подобро за Бугарија да има сосед зафатен од судири? Договорот за добрососедство треба да „тргне“ и ако него не можеме да го потпишеме за што друго да зборуваме“

Борисов се заложи дека ќе и помогне на Македонија на евро атланскиот пат доколку овој договор биде потпишан.