ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев нема инвестиции, туку нови лаги, криминал и корупција
Зоран Заев се дави во корупција и скандали. Затоа очајно се обидува да ја дефокусира јавноста со наводен инвестициски план тежок 8 милијарди евра. Тој пред две години ветуваше ист ваков инвестициски циклус од пет милијарди евра, па кажуваше како ќе гради патишта, железници, енергетски проекти, училишта водоводи и што ли уште не. Резултатот од тоа е огромна НУЛА. Ништо од ветеното не изгради, ама затоа долгот го зголеми за 1,7 милијарди евра и истиот достигна историски рекорд од над 7 милијарди евра или 63% од БДП.
Патем потроши и рекордни буџети и пак нема никакви капитални инвестиции. Да знаел или да сакал да направи нешто за граѓаните ќе направеше во овие четири години. Реализацијата на капиталните инвестиции постојано е катастрофално ниска, а оваа година за цели пет месеци е само 22% од планираното.
Уште полоши се бројките и на полето на странски инвестиции. Македонија е убедливо на дното во регионот со 2 до 10-тина пати помалку инвестиции од соседните земји. Секој инвеститор бега од Македонија во широк лак затоа што гледа дека сме најкорумпирана држава во Европа и ја имаме најкорумпираната влада.
И сега со ваква неспособност и криминогеност на власта на Заев, тој очекува народот да му верува на новиот пакет лаги? Народот го прочита, го прочитаа и неговите членови. Ако Македонија сака да чекори напред, ако сакаме инвестициски бранови, ако сакаме економски резултати, треба да се помести главната пречка, Зоран Заев. Тој е олицетворение на криминалот и корупцијата што ја осиромашува Македонија.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово