ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
Правосудниот систем во Македонија е во заробеништво на моќниците од СДС и ДУИ. Наместо да го гони и суди огромниот криминал и корупција, овој правосуден систем се стави во негова заштита, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваквата заштита на криминалците и нивните политички газди не била бесплатна. Судиите и обвинителите кои во своја закрила ги ставиле политичките криминалци од СДС и ДУИ, кои направиле милионски грабеж на Македонија, со сигурност дебело профитирале.
Тоа може да се види од имотите кои што ги имаат во посед македонските судии и обвинители, почнувајќи од луксузни куќи, автомобили, станови и тоа по неколку на број, земјишта, како градежни, така и земјоделски, деловни имоти.
Ова се имоти кои може да се стекнат само со црни пари земени од нивните газди во СДС и ДУИ за да ги заштитат од кривичен прогон за нивните сторени криминали, а никако со чиновничка плата.“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња