Македонија
20. February 2025 - 12:21

ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ

Правосудниот систем во Македонија е во заробеништво на моќниците од СДС и ДУИ. Наместо да го гони и суди огромниот криминал и корупција, овој правосуден систем се стави во негова заштита, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквата заштита на криминалците и нивните политички газди не била бесплатна. Судиите и обвинителите кои во своја закрила ги ставиле политичките криминалци од СДС и ДУИ, кои направиле милионски грабеж на Македонија, со сигурност дебело профитирале.

Тоа може да се види од имотите кои што ги имаат во посед македонските судии и обвинители, почнувајќи од луксузни куќи,  автомобили, станови и тоа по неколку на број, земјишта, како градежни, така и земјоделски, деловни имоти.

Ова се имоти кои може да се стекнат само со црни пари земени од нивните газди во СДС и ДУИ за да ги заштитат од кривичен прогон за нивните сторени криминали, а никако со чиновничка плата.“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.