Македонија
25. February 2020 - 22:13

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протест

Правдата е нападната од неправдата со оваа порака лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски го почна обраќањето пред присутните на протестот. Според него со овој протес почнал крајот на неславното владеење на СДСМ. Со транспаренти Заев е виновен и црвен картон во рацете, ВМРО ДПМНЕ протестираше против неправдата во државата. Протестот почна пред зградата на Основното јавно обвинителство а заврши пред Кривичниот суд .

Според Мицковски екс премиерот бил правдоубиец кој не докажал ниту еден криминал.

Побара да се покрене истрага за Заев, ревизија на работата на Врховниот суд и оставки доколку се докаже дека работеле незаконски. Порача дека се потребни реформи во советот за правосудство и експертска помош во реализирањето на реформите.

За себе Мицковски рече дека кога ќе дојде на власт по 12 април тој никогаш нема да се меша во работата на судовите.