ВМРО-ДПМНЕ: Владата со неодговорна политика ја води државата кон банкрот
СДС со катастрофалната и расипничка политика во изминатиот период ја води државата кон економски крах и банкрот.
Неодговорната влада на СДС за само 100 дена ги задолжи граѓаните за 350 милиони денари.
Економијата тргна во надолна линија, а владата на Заев не престана со луксузирање и расфрлање со парите на граѓаните кои треба да ги враќаат идните генерации.
СДС и Заев удрија врз граѓаните, кратејќи огромни суми на пари од буџетот кои беа наменети за подобрување на животот на секој Македонец. Ги излажа младите и студентите дека веднаш по завршување на образованието ќе бидат вработени. Пензионерите ги понижија со укинување на планираното покачување на пензиите кое наместо над 7.000 денари сега ќе изнесува околу 2.000 денари на годишно ниво.
Владата објави војна кон странските инвеститори, свесно сакајќи да ги отргнат од инвестирање во Република Македонија. Капиталот кој планирале да го вложат во Македонија, сега ќе го преселат во Србија или некоја друга земја од соседството.
Новата влада со сегашната економска политика ја носи Македонија во банкрот.
Граѓаните видоа 100 дена лаги, неспособност, хаос и понижувања.
Граѓаните на 15-ти октомври ќе ги казнат погубните и расипнички политики на СДС и Заев.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар