Македонија
29. October 2019 - 10:01

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не прави ништо добро за граѓаните

Власта предводена од  СДСМ не прави ништо добро за граѓаните.

Ова ненародна власт не успеа да го реализира ниту ветениот грант за млади лица во вредност од 10.000 евра, а ги укина мерките за кредитирање на правни и физички лица и вработување на деца без родители и родителска грижа.

Со СДСМ и Заев, граѓаните осиромашуваат секојдневно.

Граѓаните увидоа дека економските политики на СДСМ се катастрофални и оваа власт врши целосна партизација во институциите.

Поради лошите политики на СДСМ, Република Македонија падна седум места на листата на „дуинг бизнис”.Младите во државата секојдневно  ја напуштаат земјата и заминуваат во странство.

Ова е уште еден доказ  дека оваа власта предводена од СДСМ  и Заев треба да си замине час поскоро.

Доаѓа обнова за Македонија, и вистинска грижа за  сите граѓани во државата.