ВМРО-ДПМНЕ: Во 2019 година се иселиле над 10.000 млади лица поради лошите политики на оваа власт
Единствена мерка што СДСМ ја спроведе за младите е нивното трајно иселување од Република Македонија.
Во 2019 година се иселиле над 10.000 млади лица од нашата држава, и тоа поради лошите политики на оваа власт.
Нема нови инвестиции, нема отворени нови работни места, но затоа има уништен образовен, спортски и културен систем во државата од страна на оваа криминална влада.
Младинската невработеност е највисока во Европа, додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80 % во одредени региони од државата.
Никој не ги принудуваше со сила Зоран Заев и неговите функционери од СДСМ да ветуваат на младите проекти кои што нема да ги исполнат.
Владата на СДСМ три години не може да ја заврши ветената реконструкција на Студентскиот Дом „Гоце Делчев“, која што беше започната од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ вети студентски град, но се уште нема трага од него.
Младинската гаранција ја нема што ја ветуваа пред избори. СДСМ не направи ништо за младите, а вети многу.
Младите ќе го казнат СДСМ на 12-ти април. Младите на 12-ти април ќе порачаат Зоран Заев никогаш повеќе. А, така ќе започне и обновата на Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер