ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не бега и да прифати дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски
Зоран Заев да не бега и да прифати дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за тоа што преговара со Бугарија, далеку од очите на јавноста.
Заев пред само неколку месеци за бугарски медиуми кажуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека зборуваат ист јазик.
Зоран Заев сам ги урна македонските позиции, прифаќајќи ги тезите на најголемите бугарски екстремисти, кои никој политичар во Бугарија не мислел дека постои човек од Македонија кој може тоа да го прифати.
Зоран Заев излезе и кажа дека Бугарија во Втората светска војна не била окупатор, туку администратор. Заев излегува свесно во јавноста со овие негаторски тези за Македонија.
Зоран Заев е седмица на лото за сите кои се против Македонија.
Македонија не смее повеќе да губи. Заев да запре со сите отстапки и понижувања.
Зоран Заев да излезе јавно во дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и да каже што како и со кого договара во врска со нашата историја и јазик со Бугарија.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто