ВМРО-ДПМНЕ: Заев не кажува што содржи договорот со Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ и денеска преку пишано соопштение бара од премеирот Зоран Заев дека не кажува што содржи договорот за добрососедство со Бугарија и го обвинува дека работи на шетета на македонските национални интереси.
- Заев отиде во Софија и преговараше за склучување на договор за добрососедство со Бугарија, тврдејќи дека се согласиле за содржината на истиот и дека останува да испијат уште едно кафе пред да го потпишат, без да им каже на граѓаните што и како прифатил. Заев не отвори јавна дискусија, иако во текот на целата кампања ветуваше дебата за сите позначајни прашања за државата, од која сега нема ни Д, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го обвинува Заев дека од Софија кажал оти ќе брише делови од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што треба да биде избришано.
- Додека Заев ја обвинува Република Македонија за ширење на национализам и омраза, од многу страни доаѓаат изјави полни со национализам кои ја негираат македонската држава, јазик, култура и историја, на кои Заев молчи и не застанува во одбрана на Република Македонија, што како Премиер е должен да го прави. Заев како Премиер на Република Македонија молчи на изјавите на Димитров дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, исто како што молчи и за изјавите на сопартијците на Каракачанов според кои Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, туку имаат иста историја, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека е за градење на добрососедски односи базирани на взаемно почитување и ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо што е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава.
- Наместо со распродажба на македонската држава и национални интереси, граѓаните од Заев очекуваат да се зафати со работа и исполнување на ветеното. Граѓаните очекуваат 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата, нови 500 километри автопат, 550 километри магистрални и регионални патишта , додека лекарите очекуваат 100.000 денари плата, која Заев им ја вети, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар