Македонија
7. August 2019 - 15:47

ВМРО-ДПМНЕ: „Зелена нафта“ можат да користат само половина од земјоделците

СДСМ преку бледи прес-конференции се обидува да ги излаже земјоделците.

СДСМ заборава да каже дека со мерката „Зелена нафта“ само половина од земјоделците во Република Македонија можат да ја користат оваа мерка.

Односно СДСМ треба да одговори зошто предвидува само 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија регистрирани се над 100.000 македонски земјоделци.

Дополнителен проблем во врска со оваа мерка е неправична распределба односно гледано по култури, на некои култури каде процентот на учество на нафтата е помал, а на други култури поголем во вкупните трошоци на производство односно цена на чинење им се дава иста субвенција.

Мерката е козметичка и популистичка бидејќи се работи за минимално намалување на трошоците на производство кои се движат од 1 до 3% што преставува чиста симболична вредност и нема да има никаково влијание во конкурентноста на производството и нема да се покријат зголемените трошоци кои земјоделците ги имаат последниве две години.

Ако навистина СДСМ се грижеше за земјоделците како што вели, требаше да ја намали акцизата и со тоа би се постигнал вистински ефект кој би ги ставил во рамноправна основа сите граѓани на Република Македонија.

А, со оваа мерка СДСМ само уште еднаш докажува е лош менаџер и ќе доведе повеќе штетни отколку корисни влијанија во земјоделскиот сектор.