ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ спроведуваат предизборен поткуп
Граѓаните кои 3 години се жртва на директорите и партиските шерифи на СДСМ, кои ги даваа на извршување и ги тужеа граѓаните, нема да бидат изманипулирани, од лажното душегрижништво на Зоран Заев.
Зоран Заев и СДСМ спроведуваат предизборен поткуп. На само 6 дена пред техничка влада, Зоран Заев најавува отпишување на долгови, процес кој планираат да се одвива во изборен период.
Зоран Заев со овој чекор директно врши изборен поткуп на однапред определена група на граѓани.
3 години граѓаните беа жртви на џелатите на власта, јавните претпријатија и државните органи, кои ги даваа на извршување граѓаните и ги малтретираа по налог на Заев и врвот на власта, за сега да ги лаже и манипулира дека нешто прави.
Лажната грижа за граѓаните завршува. По 12 април и отпочнувањето на обновата на Македонија следува вистинска грижа за граѓаните и нивните интереси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје