Македонија
16. February 2020 - 15:16

Внимавајте лажни повици вознемируваат родители низ Скопје - „Вашата ќерка имаше сообраќајка“

Во полициската станица во Кисела Вода вчера во 16 часот, Е.М.(55) од Скопје пријавила дека на 12 овој месец на нејзиниот домашен телефон се јавило женско лице и ѝ кажало дека направило сообраќајна незгода, по што веднаш се јавило машко лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода и дека треба да плати одреден износ.

Според пријавата, откако таа му одговорила дека нејзината ќерка е дома, лицето ја прекинало врската. Се работи на расчистување на случајот.