Македонија
1. August 2018 - 14:22

Внимавајте, лажни продавачи на дрва кружат низ Скопје , драчевчанец остана без пари

Низ Скопје секојдневно  кружат лажни продавачи на дрва, секоја година се повеќе измамени граѓани од изманиците.

- На 31.07.2018 година во 13.00 часот во Полициската станица Драчево Д.Л. (63) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10.00 часот на ул. „Сердарот“ од страна на непознато лице и била извршена измама за сума од околу 10.000 денари. Лицето дошло во домот на пријавителката и понудило огревни дрва во количина од 5 кубни метри, но со изговор дека дрвата биле на друго место. Нејзиниот сопруг заминал со лицето за да ги види дрвата, но тој набрзо се вратил кај пријавителката и и кажал дека нејзиниот сопруг го пратил по што таа му ги дала парите, изнформираат од полицијата.